2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наставничката „жртва“ на партиските вработувања држеше прес од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Март 26, 2019

Марина Стефановска-Јовчева, поранешната наставничка во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола која пред два дена на национална телевизија се прикажуваше како „жртва“ на партиски вработувања во образованието  денеска држеше прес од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во зградата на Општинскиот комитет.

Пресот на Стефановска- Јовчева повторно се однесуваше на критики и обвинувања кон власта за состојбите во образованието.

Стефановска- Јовчева запрашана од медиумите на прес-конференцијата дали  е таа истата наставничка што обвинуваше за партиски вработувања, не сакаше да одговара на новинарски прашања со изговор дека „не е тема на оваа прес-конференција“.

Запрашана, додека стоеше на партиската говорница од кога е член на ВМРО-ДПМНЕ, Стефановска- Јовчева по кусо двоумење рече „од  дамна, мислам дека тоа не е тема на денешниот прес“.

Понатаму на забелешките на новинарите дека таа во интервјуто на националната телевизија оставила впечаток дека е неопределен граѓанин, а не е партиски член, наставничката одговори дека „таа  е  тема на некој друг прес или пак на некое, еве интервју“,како што рече.

На друго новинарско прашање од  која година била  вработена во ОУ „Тодор Ангелевски“,Стефановска- Јовчева  пак со истиот одговор „ исто така и ова не е тема на овој прес, значи доколку имате било какви прашања поврзани лично со мене не можам да ви ги одговорам од оваа партиска говорница“, им рече Стефановска- Јовчева на новинарите токму од партиската говорница.

За жал „жртвата “ на партиските вработувања Стефановска- Јовчева не е единствената која се стокмила да држи прес-конференции  од партски говорници, а да не одговара на новинарски прашања и на прашања кои се од јавен интерес. Тоа го прават и многу поголеми „политичари“ од неа , кога не им се по ќеиф новинарските прашања.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани