2win800x200

Шесте основни човечки потреби (Пишува м-р Билјана Галовска)

Февруари 08, 2021

Зоштo правите нешто што правите? Како правите некоја промена? Зошто некои луѓе брзо носат одлуки, додека на други им треба цел живот? Понекогаш е тешко да се разбереме себе зошто одиме по тој пат или нешто правиме на некаков начин. Во суштина имаме основни потреби кои секој од нас ги задоволува. Според Тони Робинс постојат шест основни човекови потреби.Четири од нив ги задоволува секој од нас на различен начин, додека последните две се опција и се однесуваат на личен развој и општествен придонес. Овие две потреби ги задоволуваат само мал дел од луѓето, но тие се движат кон најдобрата верзија од себе.

Првата потреба е потреба од сигурност. Секој од нас има потреба од сигурност,без исклучок. Неа ја задоволува така што обезбедува она што му е потребно за сигурен живот. На пример, ако е загрозен домот, здравјето, егзитенцијата, човекот не е во можност нормално да функционира. Потребата за сигурност има моќ да влијае на тоа колку сме спремни да ризикуваме. Но, исто така сите имаме различен приод кон нејзиното “обезбедување”. Некој ја обезбедува со дисциплина (пример:вежбање,работа), додека друг со недисциплина (алкохол, дрога). Најважно е да препознаеме дали таа потреба не прави појаки или не уништува.

Потребата број 2-разновидност или неизвесност. Ако не постои разновидност или изненадувања во нашиот живот, стагнира и нашиот раст и развој. Она што меѓусебно не разликува е начинот на кој ја задоволуваме оваа потреба. Луѓето ја сакаат неизвесноста затоа што во суштина таа мотивира и иницира динамика, но исто така секој е различно “отворен” кон неизвесноста, посебно во различни животни области. Постојат безброј варијации, но без исклучок секој од нас пронаоѓа свој единствен начин да ја задоволи оваа потреба. И се е добро додека е во баланс со своите вредности.

Потреба број 3 – чувството за важност. Потреба во која егото игра најголема улога. Сите ја задоволуваме на различен начин. Некој се чувствува важен ако има многу пари, некој ако постојано помага на други, трет ако има скап автомобил, четврт ако има многу дипломи или напишани книги, петти ако “набие” повеќе титули, седми ако игра Казанова, осми ако има функција итн итн. Списокот е долг. Потребно е да му дадеме на егото да се наполни свесно и тука да заврши таа приказна без големи последици J

Потребата за љубов и проврзаност е движечка сила и секое живо битие сака да биде во конекција која е здрава за него. Но, понекогаш се случува во љубовта да се доживее страдање, болка и лошо искуство. Во тој случај се “креваат раце” и најчесто се предаваме задоволувајќи се со нешто што е помеѓу 4-6 на скала до 10. Покрај партнерската, постојат и други начини за подигање на вибрацијата и задоволување на оваа потреба, поврзаност со мајката земја, природата, животните, уметноста .....

Потребите 5 и 6 се однесуваат на личниот раст и развој и општествениот придонес. Овие потреби не ги задоволува секој, затоа што тие се опција во која се развиваме на ментално, спиритуално и физичко ниво на наша иницијатива, со сопствен напор и вложување. Ако не се развиваме, значи дека сме мртви и пред да умреме, а не сме ни свесни за тоа. Од овие опционални потреби е правопропорционален квалитетот на нашиот живот.

Добро е да се дозна нешто повеќе за примарна потреба која ве “вози” низ животот.Постои еден тест кој може да го направите на следниов линк https://core.tonyrobbins.com/driving-force-6/

Можеби е субјективно, а можеби вистина - не е важно кои сме, на крајот е важно колку души сме допреле со нашето постоење на земјата и како .....

Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани