АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последниот период се почесто и се повеќе опозицијата зборува дека во Битола се гради, дека Битола е раскопана, дека ништо не се работеше 3,5 години и дека сега пред избори се е забрзано, се е почнато и дека ништо нема да се заврши. Исто така се експлоатира тезата дека не се знае да се трошат парите, дека тие остануваат и дека некој ќе ги добие на поклон. И едната и другата теза се контрадикторни меѓу себе, не се точни и не ја годат суштината, односно се истрошени.
Зошто е промашено и зошто е истрошено ова тврдење. За да почнете да градите нешто, а за тоа трошите државни пари, основен услов е да имате обезбедено пари и да имате склучено договор. Тоа значи дека за секоја почната работа имате пари и имате склучено договор за завршување на таа работа до крај. Работата не може да не биде завршена и не може да не биде платена.
НЕМА ЗИЈАН
Нема зијан ако нешто се гради, ако нешто се реновира, ако нешто се поправа. Не ја разбирам ,,хистеријата“ кај одредени лица, кои како да се натпреваруваат кој ќе напиши подуховит коментар кога се почнува некоја работа, без разлика дали тоа е одреден објект, без разлика дали тоа ќе биди улица, дали ќе биди поправка на училиште или некаков парк. Придобивките кои ќе се добијат на крајот се многу поголеми и позначајни од зајадливите коментарчиња.
Се што ќе се направи останува за сите идни генерации и на поколенијата кои доаѓаат. Ако во мојата улица се заменат водоводните и канализационите цевки, тие цевки ќе ми служат мене и на моите деца во наредните 50-60 години. Ако се изгради Стадионот, многумина наши битолчани со генерации и генерации ќе имаат пристојно место од кое ќе гледаат фудбал и на кое ќе играат наши сограѓани. После завршувањето на мандатот на секој градоначалник, на секој советник, на секој функционер, се што е напревено, се што е купено, реконструирано, останува сите да го користат и никој, ама баш никој не носи ништо дома.
И ПАРИТЕ
Парите ќе се потрошат и парите нема да останат. Ако многу се гради, ако се е раскопано, нема можност пари да останат, парите ќе се потрошат и парите се враќаат таму кај што им е местото, кај граѓаните или кај тие што ги заработиле, затоа што ако се гради, мора и да се плати. И добро е што не се зборува за арамилок, за непотребно потрошени пари, за високи цени. Се зборува за тоа каде и што се работи.
На крајот на сите што потценуваат, не признаваат, иронизираат никој, ама апсолутно никој нема да се сеќава, како што никој не сака да се сеќава на лошото управување од минатото, граѓаните ќе ги паметат убавите работи и објектите кои ќе ги користат.