2win800x200

Вавилон -на битолски јазик (пишува Зоран Николовски)

Јуни 22, 2021

Минато време...

Еден убав сончев ден многу одамна, се собрале  граѓаните на Вавилон, па заеднички и сложно, се договориле да изградат некој многу голем објект, некоја многу висока градба - кула, со чија помош  ќе се искачат  високо горе во небото, за да бидат равни на Бога, или (барем),  блиску до Него. Се собрал многу народ и многу мајстори од сите страни и од сите делови на Вавилон. Лесно се обединуваат луѓето, ако имаат заедничка идеа, ако ја имаат истата цел.  За градба го одбрале најприкладното место, најголемата равница. За главен мајстор го одбрале најдобриот. Знам, звучи невероватно, и знам дека малкумина од нас веруваат дека некогаш имало и такви времиња, кога ете, се одбирале НАЈДОБРИТЕ...  Како и да е, кога биле сигурни дека имаат  с`е што им е потребно -  ја започнале градбата. Работеле дење и ноќе,  без прекин, без чувство на замор. А за градежен материјал користреле само, камен, малтер, пот и солзи... 

Кулата почнала да се виши с`е повисоко и повисоко, се пробила и над облаците, високо во небото... Стотици пати сонцето го прошетал својот вообичаен пат од исток  кон запад, и исто толку пати месечината, (длабоко во ноќта), им била главен светилник при работата. Се раѓале нови деца, а „заминувале” најстарите. Се менувале генерации и генерации,......градбата не смеела да запре...

Кога идеата Ви е неповторлива, а желбата бескомпромисна, ништо не може да Ве спречи !

Сегашно време...

На југо-западниот раб на пелагониската равница, во прегратките на магичната Баба планина, се наоѓа битолскиот Вавилон. И тука многупати се собирале мајстори, и тука многупати народот  се обединувал, и многупати  почнувале да градат. Многу изградиле, но многу, и не изградиле.  А можеби и не ги одбирале најдобрите, како  некогаш во стариот  Вавилон ? Не знам. Знам само дека  НАЈДОБРИОТ  може да биде доволно сугестивен за да мобилизира  и  регрутира граѓани. Лесно се обединуваат луѓето, ако имаат заедничка идеа, ако ја имаат истата цел.  

Можеби граѓаните битолски и не биле толку многу сплотени и сложни  како оние во Вавилон ? И тоа не знам. Ама знам дека во ова денешно -  модерно време, граѓаните  с`е повеќе знаат што сакаат и с`е повеќе се свесни што треба да добијат. Секојдневно слушаат како други населени места напредуваат и се модернизираат, секојдневно гледаат како други урбани единици прогресираат во секоја сфера на живеењето и на секое друго поле. Ох, мачно и неподносливо е чувството на потчинетост и инфериорност, затоа што генетскиот код во овој дел од пелагониската рамница од секогаш бил, и за секогаш ќе остане – СУПЕРИОРНОСТ!  А мене, единствено нешто што ми дава супериорна самоувереност и безмилосно ме гордее, е светлината во очите на моите сограѓани. Ете, од каде треба да започнеме !  Таа светлина ќе ни го покаже патот по кој треба да кинисаме...

А во одсјајот од светлината од очите на моите сограѓани, (како со краснопис), на битолски јазик  е запишан заветот на старите вавилонци:

Кога идеата Ви е неповторлива, а желбата бескомпромисна , ништо не може да Ве спречи !   

 

 

Со почит,

Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани