2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ, СЕПТЕМВРИСКИ ПОЧЕТОК

Август 25, 2021

 Пишува: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик  

 
Многу е јасно и очигледно дека, единственото место каде што се одвива вистинското дружење и учење, односно, се одвива социјализацијата на учениците, е во училиште, односно во училница. Пандемијата, која што целиот свет ја чувствува, некако предолго ги оддалечи децата од училиштните клупи, со цел, заштита на нивното здравје и за нивно добро. Меѓутоа, таквиот начин покажа и покажува, дека само при онлајн настава, се запазува формата на наставниот процес. А што се случува и каде е содржинскиот (најважниот) воспитно-образовен столб? Тој, веќе не се чувствува. За да не продолжи така, во пресрет на новиот септемвриски почеток, учениците треба да се вратат таму, каде што вистински припаѓаат – на школо, со своите соученици и наставници. Така, ќе продолжи правиот воспитно-образовен процес. Доказ, дека на тој начин ќе продолжи и вртењето на книжните страници (кој си чита, си чита на секаков начин, тоа е релност), а ќе се дистанцира од штракањето на тастатурата и виртуелниот, мобилен свет.
 
Нецела недела, до почетокот на новата учебна година
 
Училиштата, стандардно, но овојпат протоколарно, се подготвуваат за започнувањето на новата учебна година (како училиштно, така вонучилиштно, односно електронски, тимски). Паралелно, пристигнуваат нови комплети учебници, за годината пред нас. Тоа значи, дека мора да се следи секоја пандемиска состојба со актуелниот вирус и паралелно на тоа, да се реагира. Затоа, треба да се биде спремен. На крајов на август, откако учениците ќе ги добијат свидетелствата за завршувањето на изминатата учебна година, се очекува сите, на 1 ви септември да седнат во училиштните клупи. И тие, доволно беа осамени и тивки. Треба да се врати џагорот и животот во училиштата! Односно, треба да почне да се чита, да се учи во вистинска смисла на зборот, а не, виртуелно колку само да се помине. Верувам и посакувам, така да биде во континуитет! Оваа учебна година, наставниците нема да носат книжен Дневник на час, ами ќе го водат електронски, преку е – дневникот, како што правеа досега. Или подобро кажано, пред нас е административно-дигитална учебна: 2021 / 2022 год. Наставниците, покрај што следат најавени наставни обуки, ги подготвуваат наставничките портфолија и ги предаваат во стручната служба кај педагогот и психологот. Ги средуваат училиштните кабинети, имаат состаноци на ниво на стручни активи и уште многу други училиштни обврски... Има многу школски активности, за оној што вистински сака да работи во образование. Треба само да се почне од некаде и да се движи во вистински правец. Нема толку тешка работа, ако одговорно и доследно си посветен на неа. Радоста ќе дојде до израз, кога училиштното ѕвонче, после подолг период, ќе заѕвони и ќе го означи насреќниот момент во животот на секое дете, на секој ученик, т.е започнувањето со учење, со стекнување на знаења и вештини и секако, најважното - редење на успеси... Како јазичар, среќен сум што ќе има учебници и други наставни помагала, на пример, прилози по литература во наставата, како печатени, така и електронски, а уште порадосен, што лектирите исто така, ќе бидат достапни за секој ученик и ќе можат да се почувствуваат со најважните сетила. Колку и како ќе се одвиваат долгонајавуваните образовни промени, во целост не тврдам, но сигурен сум, дека сепак се насетува нивен одраз. И така, полека, но сигурно, до целосна нивна имплементација. Сите посакуваме, реформирано образование. И така, треба да биде. Напредокот се гледа во промените, а не, во баналностите. Сега е друго време, ера на дигитализација и технолошки напредок. Наставниците се подготвени за новата учебна година. Во нејзин пресрет, се прават последните наставни подготовки.
 
Навиката за учење и освојување нови светови, не смее да прекине
 
Реално, после подолг временски период како што учениците (со исклучок од прво до трето одд.) следеа настава од дома, сега доаѓа период кога повторно треба да се вратат на училиште. И тоа, не смее никако да биде чудно, а уште помалку емотивно доживување. Точно дека не е така едноставно и лесно, повторно да се навикнеш на нешто од кое си бил одделен, но, цврстата волја, насмевката и љубовта кон школото, треба да ја вратат старата училиштна навика. Училиштето е свет храм, втор дом на учениците, наставниците и на сите кои работат во него. Најубаво место, каде што секогаш нешто ново и ново се случува, дознава, открива... Оттука, треба да продолжи да биде место на детските шеги, насмевки, поплаки, задоволства / незадоволства, љубови итн... Најважно е, да не се изгуби интеракцијата: наставник-ученик и обратно. Суштината на враќањето во училиште е токму таа, да продолжеме да размислуваме со свои глави и да наоѓаме начини светот да го направеме подобар. Да бидеме културни, цивилизирани и јазично потковани. Ако тоа брзо го совладаме, нема да имаме проблем што цела година и пол, измина дистанцирана, онлајн. Искуство плус, се разбира. Имаме обврска да се навикнуваме на секоја промена на бурното време кое што е пред нас, со надеж дека брзо ќе помине. И секако, оптимизмот да остане во сите нас, дека работите ќе бидат подобри. Ако научеме да бидеме паметни, тогаш брзо ќе ја совладуваме и ќе се навикнуваме на секоја образовна новина. Со негативни реакции, како јавно, така по социјалните мрежи, не се решава ниту еден проблем. Потребно е разумно однесување кое ќе биде во корист на сите, најмногу на наставниците кои се столб на воспитно-образовната дејност. Од нив се тргнува, со нив треба да започнува секоја промена и секоја одлука! Затоа, драги ученици: останете доследни на учењето и на другарувањето. Можеби, нема да постои целосна слобода како што имавте за распустот, но сепак мораме сите да почитуваме совети и препораки, ама за добро на сите нас, оти здравјето нема цена. Најголем дел од вас, веќе знаат како ќе се одвива новата учебна година. Да постапуваме одговорно!
И што друго да посакам, до следниот мој текст, освен, од срце:
 
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА, кој ќе трае и сведочи со многу резултати и успеси... Нема поубав момент за наставниците од средбата со нивните ученици, после подолгиот, летен распуст. Тоа го знаат сите страсни вљубеници во наставничката професија. Првачиња, најмили: вие сте бескрајната радост. За првпат одите на училиште, и за првпат се сретнувате со вашиот учител, или вашата учителка кои никогаш не се забораваат. И вам, радосно! Поздрав до сите мои колешки и колеги, од просвета, со желба и верба, да нѝ биде лесна и среќна учебната година која што доаѓа. И секако, поздрав до сите ученици, па, за скоро, повторно да се гледаме, како во училиштниот двор, така по училиштните ходници, и најважно, во училниц
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани