АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Такси превозот е како библиотека....Нашите таксисти пишуваат настани, карактери, темпераменти, го учат животот во живо! Нашите таксисти се сојузници на животот: превезуваат храна, лекови, деца, жени на породување, го транспортираат животот! Затоа, таксистите заслужуваат неприкосновен третман, слободни денови, заштитена ноќна работа...затоа, такси превозот во Битола заслужува посебно внимание. Но, во услови во какви што се одвива сообраќајот во Битола, во време на здравствена и економска криза, сметам, дека такси превозот во голема мера може да влијае на начинот на кој ги користиме приватните возила, односно, развиениот и квалитетен такси превоз, но кој има пристапни цени е предуслов за почист воздух и помалку метеж на улиците.
За целата таа придобивка која ја заслужуваат и таксистите и граѓаните на Битола, денес можевме многу позитивно да зборуваме, наместо да дебатираме дали треба или не требало да има поскапување на такси услугата. Денес, таксистите можеа да останат сојузници на граѓаните, а локалната самоуправа миленик и на таксистите и на граѓаните со тоа што ќе го субвенционираа такси превозот додека во идните неколку месеци, да се поработи на модернизација на јавниот автобуски превоз и на обезбедување на велосипедски сообраќај.
Жалам, што се' се завршува со едностран пристап, без анализа, победува политиканството... Жалам, што голем број на граѓани ќе се откажат од користењето на такси превозот, ќе се преориентираат на приватните возила, затоа што за жал, немаат подобра алтернатива, а најмногу што жалам е што во ниту еден момент не се споменаа обврските на такси превозниците- - ЧИСТИ ТАКСИ ВОЗИЛА - УНИФОРМИРАНИ ТАКСИ ВОЗАЧИ и конечно, добро е да се знае дека нелегалниот такси превоз „краде“ повеќе од 10% од заработувачката на лиценцираните такси превозници и тоа е она на што треба интензивно да се работи!
Пишува проф. Јасмина Буневска-Талевска
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)