Webp.net gifmaker

Откако претседателот на Советот Валентин Груевски ја предупреди советничката од Поинаку, Габриела Илиевска, да се држи на темата, а да не зборува за коментари што ѝ беа кажани за време на паузата, таа му возврати: „Вас колега ќе ви остане да предупреувате само уште неколку месеци, а потоа ќе ви заврши политичката кариера“. Груевски ѝ рече „Вие да не се грижите за тоа“, а Илиевска му одговори „ич не се грижам, ќе куртулиме“.

Ваквата препирка настана на вчерашната седница откако на паузата еден од советниците на Илиевска ѝ рече дека се е според заслугата, па таа за време на дискусијата кажа дека ако е според заслугата некој нема да земи паушал.

Тогаш Груевски ја прекрати велејќи ѝ да не зборува за приватни работи, на што таа возврати со цитираните зборови.

Ова се случуваше за време на дискусијата за парите што општината треба да го плати за судски спор од времето на екс градоначалникот Владимир Талески.

„Небулози и површни тврења“, вака претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, ги оцени обвинувањата што вчера од Скопје ги упати Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ за битолска тема, поточно дека со објавениот оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието.

„Се работи за процедура која оди секоја година во овој дел од годината и која претходно е потврдена со одлука на Совет донесена во декември 2019 година. Огласот кој го објавуваме се носи на Комисија за финансии на која јас сум претседател , но овој оглас го изгласа присустните членови на Комисијата едногласно , не присутвуваше само еден член на комисијата. Тоа се членови од сите политички партии и ни еден од тие членови немаше забелешка ни за времето на објавување, ни за содржината, а седницата на Комисијата беше на 20 мај. Има записници за тоа“, рече Груевски.

Страница 1 од 11

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани