Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсењера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:
ОГЛАС
За издавање под закуп на една гарсоњера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/60
- Здружението на пензионери - Битола располага со слободен стан (гарсењера) во зградата на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/60
- За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
- Кон Молбата се приложуваат следните документи
- Талонче од последна исплатена пензија
- Уверение за матерјална состојба
- Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
- Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
- Огласот ќе биде објавен во дневниот весник „Вечер“ ,„Коха“,„Битолски весник“, „Апла“ и ТВ „Тера“
- Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268 од 18.05.2022 до 25.05.2022 година.