АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, и директорите на сите подружици, денеска одржаа состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој се расправаше за зголемување на планот за производство за 2022г.
Владата на Р. Северна Македонија на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100% електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022г., по цена од 48e/MWh.
За зголемувањето на планот за производство земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.
За второто шестмесечје од 2022г.. ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60% од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40% по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360e/MWh, што би значело енормно покачување на крајната цена за граѓаните.
Христијан Мицкоски е опседнат со енергетиката, иако нема легитимитет да зборува на таа тема, одгворија денеска од АД ЕСМ по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека струјата ќе поскапи затоа што во Државните електрани се рабти недомаќински.
На Самитот за електрична енергија кој се одржува во Атина, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.
Директорот Ковачевски го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енеретската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со сила поддршка од Владата на Р. Северна Македонија. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23г.
Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порака да се продолжи во истиот правец.
Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти.