Според партијата, тоа претставува недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување. Народна тврди дека тоа е и удар врз македонската историја преку обид за судење на „историската улога на Ванчо Михајлов за што не се дрзнала ни комунистичка Југославија“.
„Оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден систем со оглед на фактот дека масовно на српските одбележувања на битките кај Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола, како и Валандовското востание, српските
претставници го употребуваат терминот ‘Јужна Србија’, ‘Стара Србија’ или ‘ослободување на Србите во Македонија’“, велат од ВМРО-Народна.
Оттаму велат дека ваквата одлука би требало да има и понатамошни правни последици со оглед на тоа дека во статутот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно е утврден континуитетот со трите конгреси на ВМРО под водство на Ванчо Михајлов.