Андреј Гулабовски си поднесе оставка од претседател на младината на СДСМ Битола, вели дека било од лични причини

Јуни 24, 2025

Социјалдемократот Андреј Гулабовски си поднесе оставка од позицијата претседател на Локалниот клуб на социјалдемократската младина на Битола, од како што вели лични причини. 

Оставката Гулабовски ја објави пред малку на својот Фејсбук профил, без да даде детали зошто предвреме си заминува од функцијата.

-Честа да го водам ЛК на СДСМ Битола за мене значеше борба за секој поединец, многу активизам, многу идеи, другарство и хуманост.
Животни лекции кои ќе ги паметам цел живот.
Денес од лични причини поднесов оставка од функцијата претседател.
Благодарам на раководството на СДСМ Битола  за целата поддршка во изминатиот период како и благодарност до раководството на СДСМ, напиша младиот Гулабовски  
 
Гулабовски за претседател на младината на СДСМ Битола беше назначен во август 2022 година. 

Андреј Гулабовски е дипломиран правник и уште на самото назначување на функцијата потенцираше дека ќе се заложи за борбата за младите во нашиот град преку нов младински иновативен активизам, а преку поднесување на иницијативи до Советот на Општина Битола ќе  задира во младинските прашања од нашиот град.

Неговото мото тогаш беше  – “Млади сме и должни и сме на Битола”.

Што се случи во меѓувреме, и зошто Гулабовски си заминува предвреме од функцијата допрва ќе се види. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани