Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници за претстојните локални избори, но за Битола не понуди решение. Филипче најави - Личности со кредибилитет - луѓе кои ги знаат реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Подготвени се да работат посветено за секој граѓанин, за секое маало, село, град. Тие знаат како, можат и ќе го исполнат ветеното.
СДСМ стои зад личности кои знаат што значи одговорност, посветеност, работа во интерес на граѓаните и резултати на дело. Некои од нив веќе имаат зад себе успешни мандати и проекти кои донесоа вистински промени за подобар живот во општините. Другите, носат нова енергија и силна волја за работа, рече Филипче.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила - Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
Овие кандидати се избрани со широк консензус. Во следниот период продолжуваме со темелна, транспарентна и инклузивна постапка за избор на најдобрите кандидати за останатите општини во државата. Нашата заложба е да понудиме кандидати со интегритет, со визија и програма со која ќе го подобрат животот на граѓаните во општините.