
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска на полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата во Битола се собираа потписи за градоначалник за двајца кандидати, Могила еден, Новаци -двајца кандидати, а Демир Хисар дури четворица кандидати. За листа на советници потписи се собираат во Битола - две листи за советници, Могила една.
Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори е до 13 септември.
До 11 септември, пак, е рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија (ДИК). Исто така во тек е и пријавувањето за набљудување и известување од изборите.