Левица се определи за кандидатот за градоначалник на Битола Зоран Николовски

Септември 06, 2025

ЛЕВИЦА СО ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗОРАН НИКОЛОВСКИ. Партијата Левица јавно даде поддршка за независниот кандидат за градоначланик за Битола, Зоран Николовски. Денеска веста ја објави советникот Горан Велевски со заедничка фотографија на која на Широк Сокак се седнати на кафе кандидатот Николовски, пратеничката Јована Мојсовска и битолските советници на Левица, Велевски и Гаврил Трајковски. 

 
-Почитувани битолчанки и битолчани, чест ни е да ја најавиме широката и победничка плаформа за Битола со која Левица ќе настапи на претстојните локални избори. И официјално, ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски, како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град!, објавија од Левица. 
 Од партијата Битола ја нарекуваат "бастион на Левица" и како што велат веруваат дека поддршката за кандидатот Зоран Николовски претставува "авангардна комбинација" која ќе донесе промени и нови идеи за Битола. 
 
-На овие избори настапуваме со јасна визија за нашата Битола, во која ги обединуваме прогресивните и компетентни потенцијали, создаваме платформа на интелектуалци и професионалци кои целото свое знаење ќе го стават во служба на една идеја - Битола, објави Левица.
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани