Кандидатот за градоначалник Методија Куновски си ја предложил братучетката за советник

Септември 05, 2025
Методија Куновски - Мирјана Захариевска ралевска Методија Куновски - Мирјана Захариевска ралевска

БИТОЛА - Општинската организација на СДСМ Битола, веќе ја скроила предлог листата за советници за претстојните локални избори, а предложените кандидатите поттикнале револт кај дел од членството.

Незадоволството било особено насочено кон кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, Методија Куновски кој во исто време е и претседател на општинската организација на СДСМ Битола. Куновски на листата меѓу првите пет го предложил името на неговата блиска родина од прво колено, Мирјана Захариевска-Ралевска, актуелна советничка во Советот на Општина Битола (што би значело втор мандат).  

Мирјана Захариевска Ралевска 225x300 1

Мирјана Захариевска Ралевска 

 

Оттука членови на СДСМ за „Апла“ го отвораат прашањето – Дали Методија Куновски е толку сигурен дека нема шанса да победи за градоначалник на претстојните локални избори во Битола, што си ја ставил блиската роднина на четврто место на предлог листата за советници и се повел од максимата „Кога не можам јас, нека биди „брачеда ми“? Ова  го поткрепуваат со образложението - ако Куновски се надева за градоначалнички мандат треба или би требало да знае дека советничкото место на Мирјана Захариевска – Ралевска би било конфликт на интереси (според закон финансиски или друг интерес) и нејзиното место во Советот на Општина Битола, не би било рационално, кога таа би се изземела за секоја одлука што би ја носел градоначалникот, ако евентуално победи Куновски. Но, членови со кои разговараше „Апла“ велат дека Куновски со поставувањето на своја блиска родина на листата само испраќа порака до социјалдемократите дека СДСМ нема шанса да ја освои власта во Битола и однапред се „предава“.

 

538069106 18284648704257887 8703747096967969963 n

Методија Куновски - кандидат за градоначалник на Битола 

 

Листата која синоќа била составена од Извршниот одбор на партијата започнувала со името на Петар  Николовски, актуелен советник во Советот на Битола, па името на исто така актуелната советничка Јадранка Павловска, на трето место Драги Крстев од коалициониот партнер НСДП, на четвро Захариевска-Ралевска, а на петто место актуелниот секретар на партијата во Битола, Александар Дракуловски.

Всушност, наши извори велат дека Куновски не го послушал членството на листата да постави лица кои имаат влијание не само меѓу социјалдемократите туку и во градот, како интернистот д-р Елизабета Ивановска, режисерката Софија Ристевска, членот на Централниот одбор Зоран Стојчевски, генералната секретарка на Форумот на жени на СДСМ, Јасмина Ангелова и други.

Кандидатот за градоначланик и претседател на СДСМ Битола, Куновски за „Апла“ денеска одговори:

„Во овој момент, нема да коментирам било какви информации или шпекулации“, изјави Куновски и додава дека при постапката за избор на кандидати за советници во ОО СДСМ Битола, запазени биле сите одредби од Правилникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за членови на советите на општините за локалните избори 2025 година.

Накрај во одговорот за „Апла“ Куновски вели - „Процесот продолжува и по неговото завршување ќе бидете благовремено известени за исходот.“

Наши извори брифираат дека проблемот околу кандидатите за советници почнал уште на кадровата комисија каде како на филмска лента се менувале кандидатите за советници и предлог листите. Се пишеле, па се бришеле имиња. Чудно е што не биле земени во игра поистакнати членови на партијата кои во целиот овој период на опозиција водеа битка од партиската говорница како Весна Баковска, Анета Сердарова, Ивона Трифунов... Прашањата што ги испратиме до Куновски беа -дали листата на советници што ја предложил на кадровата комисија била едногласно прифатена од членовите на комисијата? Дали Извршниот одбор имал кворум за работа при носењето на одлуката за листата што ќе биде испратена кај лидерот Венко Филипче? Дали тргањето на истакнати партиски кадри од листата на советници е "диригирано" од лица кои сакале да се вратат во партијата на голема врата? И за крај дали пратеничката Бисера Костадиновска - Стојчевска учествувала во работата на кадровата комисија и дали учествувала во крајната одлука за советничката листа? Оти членови велат дека тоа било нејзина партиска задача ама таа спротивно на тоа, револтирано го напуштила состанокот?

Куновски не даде директни одговори на овие прашања.

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани