
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
– Кога ќе се завртам зад себе и кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам а да не бидам горд, рече Коњановски во интервју за порталот Курир.
Инфраструктурно, направени се голем број сообраќајници. Граѓаните позитивно реагираат на нив, но за дел од реализираните проекти има и критики. На критиките, секогаш се обидувате да одговорите, па дури и доколку општината нема вина, да ги исправите нештата во позитивна насока. Колку Ви е важен гласот на народот?
– Гласот на народот е главната моја сатисфакција и мерка за сработеното. Кој што работи, само тој може да згреши. Лесно е да се критикува и да се напаѓа, но доблесно е да се признае дека во Битола никогаш повеќе од сега не се градело, не се работело и не се правело за севкупниот живот во градот, вклучувајќи го и спортот, културата, социјалата итн. Ќе посочам неколку примери: Изградбата на улицата „Крушевска Република“, како важна сообраќајна артерија во градот, во должина од 490 метри, донесе поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со улиците во АРМ. Оваа улица е клучна за поврзување на сите објекти во новата населба, овозможува пократок пат на движење кон античкиот локалитет Хераклеа, граничниот премин со Грција, а од друга страна обезбедува намалување и растеретување на сообраќајот на улицата „Партизанска“. Олеснување во сообраќајот донесе и новиот кружен тек кај Ветеринарната станица, каде што се случуваа одредени проблеми при изградбата. Граѓаните реагираа, а постоечките проблеми, од страна на изведувачот се надминати. Денес, оваа локација, особено по поставувањето на споменикот на Александар Турунџев, плени со својот лик и е нова гордост за Битола. Улицата Бурса, која е уредена на барање на бизнис заедницата и со која имаме одлична соработка, исто така имаше проблеми, кои настанаа поради одредени недоследности во изведувањето. И тука, по реакцијата на граѓаните, а во соработка со изведувачот, улицата беше санирана. Ќе повторам, се работи транспарентно, отворено, во интерес на народот и оттука, секоја нивна забелешка ја примам како конструктивна и како предизвик да се добие најдоброто за битолчани.
Целото интервју на Коњановски на овој линк kurir