Докторката Ана Талевска-Јолевска и Димитар Кузмановски ќе ја предводат советничката листата на ЛДП Битола за претстојните локални избори

Септември 11, 2025

 ЛДП Битола на претстојните локални избори во Битола ќе настапи самостојно со советничка листа. Од партијата објавија дека ќе настапат  со чист образ, со чиста совест и со крената глава и ќе ја бараат добербата од битолчани. Димитар Кузмановски, претседател на ОО на ЛДП и Ана Талевска Јолевска ќе ја предводат советничката листа за Битола.  1000005494

 -Кадрите на ЛДП во минатото покажаа и  докажаа дека знаат да работат домаќински и докажаа дека секогаш работат со срце и душа за Битола. Во јавните претпријатија, во училиштата, градинките, советот  секаде каде ЛДП имаше свој кадар, тие институции беа пример како треба да бидат  водени.
 Ракометот, кошарката и фудбалот, беа во нашиот фокус, и од полузгаснати клубови направивме респектабилни тимови. Се ова што денес се случува со овие клубови е само продолжување врз темелите кои беа поставени.
 
ЛДП Битола не бара доверба за потоа да плука и да вреѓа по сите. Не бара доверба за да  бега од одговорност. 
Не бара доверба за три дена да е опозиција, четири дена власт. Ниту било така, ниту ќе биди.   ЛДП бара доверба за да работи во интерес на граѓаните и на градот. Друго и не не интересира.   
 
 Димитар Кузмановски, претседател на Општинската организација на ЛДП и  Ана  Талевска Јолевска, доктор, специјализант по интерна медицина, ќе бидат првите двајца на листата  и ќе ја побараат довербата од гласачите, објавија од ЛДП Битола 1000005493
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани