Апасиев ја скрои листата на советници за Битола - Горан Велевски носител на Левица

Септември 12, 2025

Актуелниот советник Горан Велевски ќе ја предводи советничката листа на Левица во Битола.

 
Локалниот огранок на Левица во Битола ја состави советничка листа за претстојните локални избори, а преовладуваат млади лица од градот и како што велат од партијата, битолчани со искрена визија за развојот на градот.
 
Листата ја предводи Горан Велевски, претседател на огранокот на Левица во Битола и актуелен советник во Советот на општина Битола. Од партијата велат дека Велевски во изминатиот период се наметна како еден од најгласните и најконзистентни гласови во одбрана на јавниот интерес на битолчани. Препознатлив по своите предлози и конкретни иницијативи за подобрување на локалната заедница, како и по критиките упатени кон политиките на актуелната локална власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 
 
На второто место е Гаврил Трајковски, исто така актуелен советник во Советот на општина Битола. Трајковски е програмер, вработен во приватен сектор, а јавноста го познава како личност која ја застапува дигитализацијата и современите решенија во интерес на граѓаните, велат од Левица.
 
Третата позиција е резервирана за Ана Димовска, мајка на три деца и жена која успешно се реализира во областа на пчеларството и овоштарството. Нејзиното искуство во земјоделството и семејниот бизнис ја прави особено значајна за застапување на проблемите на земјоделците и за унапредување на локалното производство.
 
На четвртото место е Елена Групче Солунчевска, вработена во приватен сектор, која со својата професионална активност се издвојува како посветен кадар, подготвен да придонесе за современ развој на Битола.
 1000005507
Петтата позиција е за  Славчо Дамјановски, дипломиран економист и вработен во битолска фирма. Со своето образование и професионално искуство тој ќе внесе економска перспектива во работата на Советот, велат од партијата.
 
На шестото место е кандидатот Ненад Мишиќ, дипломиран машински инженер, со долгогодишно искуство во приватниот сектор. Тој ќе ги застапува ставовите за унапредување на техничкиот развој и локалната индустрија.
 
Седмата позиција е за Синиша Паспал, дипломиран економист и вработен во приватен сектор. Тој е дел од новата генерација на млади луѓе кои сакаат да го стават своето знаење и енергија во функција на локалната заедница, посочуваат од партијата.
 
Од Левица – Битола нагласуваат дека листата е резултат на внимателен избор и одраз на довербата која граѓаните ја покажуваат кон овие луѓе:
 
 
„Советничката листа на Левица е креирана пред сè од млади и докажани лица кои го сакаат својот град и имаат визија за него. Довербата им е дадена на луѓе во кои народот има верба и кои континуирано ја добиваат неговата поддршка,“ стои во соопштението на партијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани