Димитар Кузмановски, дипломиран економист е носител на советничката листа на ЛДП Битола.
-Димитар Кузмановски заедно со останатите советници од ЛДП ќе бидат вистинско освежување во идниот совет.
Кузмановски е личност кој не прифаќа неправди и личност кој не сака да знае за неуспех, пишува ЛДП Битола.
Од партијата уште велат дека "Кузмановски со советничката група на ЛДП во идниот совет на Битола ќе му дишат во врат на новиот градоначалник и нема да дозволат советот да биди само алатка за гласање и исполнување на нечии партиски и лични желби и интереси", велат од партијата . Во програмата на ЛДП ќе бидат јавните претпријатија, ќе иницираат вистинско започнување и конечно завршување на донесувањето на генералниот урбанистички план, ќе го иницираат проектот ,,Битола Зелен град" , ќе ја продолжат ракометната и кошаркарската платформа и силно ќе се спротивстават на депонија од 18 општини во битолскиот крај.