Касапов - Луѓето од ЛДП Битола никогаш не барале изговори постигнувале успех и покажувале резултати

Септември 24, 2025
Александар Касапов поранешен претседател на ЛДП-Битола и советник во општинскиот совет вели дека ЛДП Битола во минатото докажала дека знае како се работи во интерес на градот.
 
Членови на ЛДП успешно работеле и раководеле со Советот на Општина Битола, ЈП Пазари, ЈКП Нискоградба, градинката Мајски Цвет, ОУ Тодор Ангелевски, Економското училиште Јане Сандански.
 
„Луѓето од ЛДП Битола никогаш не барале изговори, не барале виновници, не клеветеле. Постигнувале успех и покажувале резултати.
Миксот од нова генерација и искуство на ЛДП Битола ќе биди вистинско освежување на овие локални избори и овие луѓе ќе продолжат да работат чесно и искрено.
Советничката листа на ЛДП Битола предводена од Димитар Кузмановски ја има мојата поддршка затоа што знам дека сите тие се чесни личности, луѓе кои ја сакаат Битола од дното на својата душа и со цело свое срце и ќе направат се за да ја направат Битола пристојно место за живеење
Честа и чистиот образ немаат цена, а тоа го знае Димитар Кузмановски и неговиот тим и со таа мисла ќе легнуваат, ќе стануваат и ќе живеат.
Доста му е на овој народ од суети, разединетост, апатија, летаргија себичност, лични и партиски интереси.
Мора општиот интерес и интересот на Битола и битолчани да се става пред личниот партискиот интерес.
Затоа треба да зборуваме за многу повеќе  резултати, а помалку изговори, изјави Касапов.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани