2win800x200

Комуналната инспекција и полицијата во лов по дивите пазарџии

Јули 07, 2018

Како ретко кога досега, ова лето ги нема дивите продавачи на земјоделски производи со бостан или  зеленчук, најчесто лоцирани на тротоарите и раскрсниците низ градот. Комуналната инспекција при Општина Битола и сообраќајната полиција во неколку акции ги отстранија дивите пазарџии и будно ги следат состојбите.

 

-Комуналната инспекција од општинскиот инспекторат при Општина Битола, согласно законот за јавна чистота, во координација со Секторот за внатрешни работи, редовно врши контрола на терен,  при што постапуваат и ги отстрануваат сите затекнати продавачи на јавна површина, кои не поседуваат соодветна дозвола.

Последните контроли и постапувања против лицата без дозволи беа изведени на поранешните улици „Едвард Кардељ“ и „Иван Милутиновиќ“, известија од Општина Битола. 

И јавното претпријатие „Пазари“ е индиректно  вклучено во справување со дивите продавачи кои земјоделските производи ги продаваат со импровизирани тезги од камиони или трактори низ градот.

-Со цел да спречиме нелојална конкуренција, но и да се контролира нечистотијата низ градот постојано ја известуваме Комуналната инспекција во Општина Битола и полицијата за локациите каде што евентуално ќе бидат забележани дивите продавачи. Целата ние да ги заштитиме нашите коминтенти кои редовно, секој месец, си ги подмируваат сметките за закупен простор или тезга.

Многу сме благодарни што полицијата и инспекцијата  ажурно си ја извршуваат својата работа, и верувајте како што оваа година е контролирана ситуацијата досега не било никогаш вака. Доказ  за тоа е што нема ниту еден камион со земјоделски производи по тротоарите или на раскрсниците пред се на поранешните улици „Иван Милутиновиќ“  и „Едвард Кардељ“ каде што најчесто беа стационирани со години наназат, изјави Александар Касапов, директор на ЈП „Пазари“-Битола

Касапов апелира до граѓаните таму каде што ќе забележат вакви ситуации да ја информираат сообраќајната полиција.

Инаку за закуп на простор во ЈП „Пазари“ за продажба од камини во главниот Зелен пазар во Битола цената е  12 500 денари месечно,  но има позиции кои што чинат и до 16 000 денари. Во Новиот пазар продавачите на земјоделски производи можат за закупат простор за трактори и  приколки за месечен надомест од 7500 денари.

-Со тоа што се собираат на едно место продавачите на земјоделски производи од камиони, трактори и приколки ние како јавно претпријатие  имаме поголема контрола на хигиената, бидејќи нашите локации се со санитарни  чворови. Кога тракторите се поставени  на тротоарите контролата за хигиената е многу помала и доаѓа до поголема нечистотија на јавните површини во градот, вели Касапов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани