Носител на советничката листа на "Граѓанска Иницијатива ГРИН" која на локалните избори во Битола ќе настапи под реден број 25 е битолчанецот Стефан Тековски. Млад човек кој обедини повеќе граѓански организации и здруженија, истакнати стопанственици, луѓе од политичкиот живот, образованието, културата и спортот за листата на советници на претстојните локални избори. Од ГРИН велат дека нивната листа има кандидати кои со еден збор кажано се луѓе кои ја сакаат Битола, кои сакаат да помогнат да се направи подобро место за живеење за сите граѓани и за генерациите што доаѓаат. 
-Тековски потекнува од семејство кое во градот е препознатливо по својата работливост и претприемачки дух. Неговите родители со години воделе мали семејни бизниси на надалеку прочуениот Широк Сокак, место каде што и тој го поминал своето детство и младост. Токму таму во секојдневните контакти со луѓето, ја научи вредноста на чесната работа и искреното другарување, велат од ГРИН. Стефан Тековски средно образование стекна во Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи" во Битола. Воден од хуманоста и силната желба да им помага на другите, уште тогаш ја разви својата љубов кон медицината и продолжи на факултетот за ветеринарна медицина при универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје каде две учебни години работи како демонстратор на катедрите по Биологија и патологија на дивеч, Биологија и патологија на пчели. Потикнат од успешноста на неговиот татко во оваа област и Стефан се посвети на грижата за животните и нивното здравје. Стефан Тековски е оженет, татко на едно дете, што дополнително го зајакнува неговото чувство за одговорност и визија за подобра иднина на младите генерации во Битола.
-Денес, како млад човек со силни семејни вредности, со искуство и јасна визија, ја имам честа да бидам носител на советничката листа на "ГРаѓанска ИНицијатива - ГРИН" . Мојата мисија е преку чесна, транспарентна работа да придонесам за современа, поразвиена и похумана Битола, град кој ќе овозможи подобри услови за живот и преспектива на сите генерации во Битола.", вели Тековски во своето претставување пред битолчани.