Методија Куновски се обрати до битолчани - И јас сум еден од вас, работник, сопруг, татко на три деца обичен жител на Битола!

Септември 29, 2025

Кнадидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Методија Куновски на првиот ден од почетокот на изборната кампања преку Фејссбук се обрати до битолчани.  Почитувани битолчани, драги мои сограѓани,

 
Со чист образ, мирна совест и отворено срце денес сум исправен пред вас и ја барам вашата поддршка за градоначалник на Битола!
 
Нудам визија и план, ветувам макотрпна работа и искрена посветеност за решавање на проблемите кои со години го тиштат нашиот град. 
 
Јас сум еден од вас – работник, сопруг, татко на три деца и обичен жител на Битола. Секојдневно се соочувам со истите проблеми како и вие – сообраќаен хаос, ископани улици, недостиг од зеленило, лош третман на отпадот, глутници бездомни кучиња...
 
Но, знам дека Битола има огромен потенцијал и заедно можеме да изградиме град што ќе нуди сигурност, надеж и перспектива за сите.
 
Се кандидирам за градоначалник затоа што верувам дека Битола заслужува да биде модерен, уреден и зелен град, со ред и поредок на секој чекор. 
 
Верувам во вистинските социјалдемократски вредности – слобода, солидарност и еднаквост. Како новинар, бев вашиот глас и имав храброст јавно да се спротивставувам на проблемите. Како градоначалник, ќе ги решавам проблемите и нема да молчам.
 
Моите приоритети се чиста и зелена Битола, решен сообраќаен хаос, функционално управување со отпадот и јавни претпријатија коишто ќе бидат сервис за граѓаните. 
 
Време за чекање нема! Борбата започнува сега!
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани