
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светлана Папачек кандидатка за советник во Советот на Општина Битола со реден број 2 од Граѓанската иницијатива ГРИН. Светлана Папачек е граѓанска активистка од 2010 година. Жена која се вклучи во ГРаѓанска ИНицијатива - ГРИН која сака да допринесе Битола да биде подобро место за живеење за сите нас, како и за генерациите што доаѓаат. Младите да останат во родниот град да творат, да го развиваат, отвараат свои бизниси а не да се ислелуваат во Европските и прекуокеанските земји. Таа е поборник за еднакви можности и права на жените и мажите во општеството, хуманистка, организаторка на повеќе настани од културата. Светлана е координаторка на ОЖБ со голем број спроведени работилници во образовниот процес и организатор на донаторски акции секогаш кога имало потреба. Таа е афирмирана поетеса и писателка, амбасадор на македонската култура на балканските простори, дијаспората како и во нашата држава. Добитник е на голем број награди од областа на пишувањето и граѓанскиот активизам.