
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидатка за советник во Советот на Општина Битола од Граѓанската Иницијатива - ГРИН со реден број 4 е Андријана Ташкова- Ѓоргиева. Од ГРИН велат дека со нејзината енергија, визија, идеи, искуство и менаџерски способности во приватниот сектор е докажана како во нашата држава така и во Канада. Андријана Ташкова- Ѓоргиева е родена во Торонто - Канада, но своето детство го поминала во Битола. Потоа повторно се враќа во Канада. "Љубовта кон градот во кој се родени нејзините родители и каде таа го поминува детството придонесе Ташкова- Ѓорѓиева да реши со своето семејство да се врати во Битола во 2009 година. Вештините и искуството кои ги стекна во Канада ги пренесе овде. Денес е раководител на одделот синџир на снабдување во приватна фирма и од прва рака ги разбира предизвиците на странските компании и нашите сограѓани вработени таму., објавија од ГРИН. Ташкова- Ѓоргиева досега не била член на политичка партија, велат од иницијативата.