Хирургот д-р Владимир Петков ја бара довербата на битолчани за влез во Советот преку Граѓанската Иницијатива ГРИН

Септември 30, 2025

Хирургот д-р Владимир Петков е кандидат за советник од Граѓанската Иницијатива - ГРИН.

Д-р Владимир Петков е специјалист по општа хирургија од 2013 година како приватен специјализант, а од 2017 до 2019 ја заокружи својата супспецијализација, денес е дигестивен хирург во Клиничка болница - Битола. "Во време кога многу медицински кадри ја напушија Битола, тој остана тука во својот град за да ја продолжи мисијата таму каде што е најпотребен.  Во приказната на д-р Петков не е само медицината, велат од ГРИН за својот кандидат за советник. 
"Иако имав многу можности да заминам од Битола и да ја продолжам својата професионална слава надвор од Македонија, јас донесов одлука да останам тука и да придонесувам во мојот роден град. Јас сум граѓанин со спортски дух - скијам и возам велосипед на Пелистер . Член сум во првото еколошко друштво ,,Молика”. Се вклучив во Граѓанска Иницијатива - ГРИН затоа што препознав една иницијатива на луѓе за кои Битола е повеќе од географија - таа е наша заедничка судбина. Да останеш тука, да работиш, да вложуваш, е избор што ја гради иднината не само за нас, туку и за генерациите што доаѓаат после нас", изјави д-р Петков. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани