Битолчанецот Димитар Триста е кандидат за советник од Граѓанска Иницијатива - ГРИН за идниот Совет на Општина Битола.
Димитар Триста е роден во срцето на Битола на надалеку прочуената улица Широк Сокак, каде го поминува неговото детство. Додека неговите врсници го напуштаа градот и бараа подобра иднина, Триста останува во својот роден град, основа семејство и живее со надеж за подобро утре. - Димитар за оние битолчани кои го познаваат е позитивна личност со спортски дух, посебен поддржувач на спортските клубови кои го носат името "Пелистер" . Тој е редовен на трибините на спорските терени како член на навивачката група "Чкембари" од самите почетоци (сега во Ветерани), објавија од ГРИН.
Димитар Триста е познат по својот пост "САБОТА МИ Е" , ден кога го поминува времето на Широк Сокак со своите другари и семејството.
"Се приклучив во Граѓанска ницијатива - ГРИН бидеќи можам да помогнам со идеи и проекти со кои Битола ќе ја направиме подобро место за живеење не само за нас туку и генерациите кои доаѓаат ", изјави Триста.