Стефан Тековски носител на советничката листа на Граѓанска Иницијатива - ГРИН за престојните Локални избори во Општина Битола ветува заложби за отворање на Одделение за привлекување на странски и домашни инвестиции.
-Ние од Граѓанска Иницијатива - ГРИН доколку ја добиеме вашата поддршка ќе побараме во Советот на Општина Битола промена на систематизацијата во општинската администрација, отварање на Одделение во Општина Битола за привлекување на странски и домашни инвеститори во индустриската зона Жабени и регионот. Основна цел на одделението ќе биде олеснување на процедурите за изготвување на документи и урбанистички решенија според потребите на инвеститорите. Одделението ќе има задача да го промовира битолскиот регион како погодна клима за странските инвеститори за производство и пласирање на нивните добра долж европскиот пазар. Инвистициите кои што ќе се донесат во Општина Битола ќе зголемат приходите на Општината, ќе се отворат работи места со цел задржување на младите во Битола. Бенефит ќе имаат и фирмите кои моментално функционираат во Битола, во соработка со ново отворените на сите полиња: репроматеријали, доставувачи на ресурси, градежни работи, канцелариски материјали, хемиски и прехранбени производи, угостителството итн. Тоа е еден ланчан систем што ќе ја заживее економијата во градот, најавува Тековски.