Младиот Мартин Ивановски е кандидат за советник во Советот на Општина Битола од собветничката листа на ВМРО ДПМНЕ.
Мартин Ивановски е апсолвент на Правниот факултет - Кичево (дисперзирани студии во Битола), при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Професионално е ангажиран во приватниот сектор, каде што работи како графички дизајнер во маркетинг агенција.
Тој е актуелен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
Ивановски посетувал бројни обуки за изборни кампањи, подготовка на проекти и јавни настапи.
-Време е да покажеме дека заедно можеме повеќе, дека иднината не е нешто што се чека, туку нешто што се гради. Ќе се бориме за Битола да биде град со можности, со перспектива и со живот достоен за секој млад човек.
Битола заслужува визија, работа и посветеност!, објави Ивановски.