Мисовски дојде во Битола и даде поддршка за кандидатот за советник на НСДП - Драги Крстев

Октомври 09, 2025

Претседателот на НСДП Горан Мисовски вечерва во Битола присуствуваше на промоцијата на кандидатот за советник Драги Крстев кој е на четвртата позиција на листата на СДСМ  и коалиција. На промоцијата присуствуваа и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателката  Јулијана Сековска. Пред присутните во салата во Битолскиот Музеј, покрај Мисовски се обрати  кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, како и претседателот на ОО на НСДП Битола, Филип Ивановски. 1000007280

Кандидатот за советник на НСДП Драги Крстев пред присутните рече дека пред битолчани на овие локални избори се 16 листи со кандидати за  советници, но само една коалиција има капацитет, искуство и визија да ја води Битола напред, а тоа е СДСМ, НСДП и коалицијата – тим кој знае, може и сака да работи за луѓето.
 
"Резултатите и статистиките од изминатите години јасно покажуваат – кога ние сме обединети, Битола победува!
Битола тогаш се развива, се инвестира, се создава. Затоа и овојпат, нашата порака е јасна: сплотени сме, решителни сме, и ќе победиме за Битола!", рече Крстев и во својот говор кажа дека  кандидатот за градоначалник – Методија Куновски, е човек со визија, човек од народот, чесен, трудољубив и посветен. 1000007275
"Методија ја познава Битола, ја чувствува Битола, и знае што ѝ треба на нашата општина.
Тој е гаранција дека секој ден ќе работи во интерес на граѓаните – без празни ветувања, без партиски калкулации, туку со дела, со одговорност и со љубов кон својот град, рече Крстев пред присутните. 
 
1000007279
 
Накрај Крстев ги повика гласачите -"да се сплотат околу Методија Куновски, околу нашата заедничка листа и околу идејата за една модерна, достоинствена и европска Битола."
 
1000007284
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани