Александар Талевски-Крт: Изборите ќе поминат, сите ние ќе треба да продолжиме да бидеме ЛУЃЕ! Гласајте за ГРИН за чесни, работливи и посветени советници

Октомври 15, 2025

Изборите ќе поминат, сите ние ќе треба да продолжиме да бидеме луѓе! Гласајте за советниците на Граѓанската иницијатива ГРИН за чесни, работливи и посветени советници, вели во обраќањето до битолчани, кандидатот за советник Александар Талевски-Крт. Тој напоменува дека политичките ривали со некоректна политичка комуникација го рушат нивото на достоинство, но дека политиката е одговорност, знаење и визија а не трка по лајкови. 

 

- Се приближува денот за одлука, денот недела 19 октомври, локални избори 2025 година. Изборите се многу сериозна граѓанска обврска, не се лотарија или кладилница каде што некој ќе се надева да добие гласови. Политика не е поле за меѓусебно такмичење по социјалните мрежи, кој повеќе лајкови и гледаност ќе добие, кој повеќе да го навреди својот партиски опонент, (посебно кандидатите кои се на листите за советници),што искрено  станува одвратно во буквална смисла. Ваквата комуникација за жал излегува од секој контекст и е надвор од сите политички коректни, културни, етички и морални вредности!

Политиката е одговорност, знаење и визија. Ние во ГРИН Битола, низ нашата културна и фер водена кампања со јасна програма  ја бараме доверба од граѓаните, бидејќи не нудиме празни зборови туку реални проекти. Се разликуваме во целост во она што го нудиме како концепт и постапување.

Нудиме решенија по моделот 5W:

1. Кој ќе ги спроведе – луѓе што ги знаете и им верувате заедно со Вас.

2. Што ќе направиме – програма со реални, остварливи проекти за сите проблеми и идеи од корист на Вас.

3. Каде – во секој дел од Битола, без поделби  во центраот на градот, населбите, руралните средини!

4. Кога – веднаш, со план и ред.

5. Зошто – затоа што Битола и битолчани заслужуваат секогаш подобро и подобра иднина! Наша цел не е да играме циркуз-политика и кловновски игри, лични профитирања по секоја цена и без образ, туку да донесеме ред, идеја и решенија за сите досегашни проблеми и сите идни проекти што ќе ја направат Битола град со сите вредности од минатото,сегашноста и иднината!

Искрено веруваме дека заедно со Ваша поддршка ќе влеземе во идниот Совет на Битола и без разлика на верската, националната или партиската припадност и убедување сакаме обединување за една цел – Битола! Ние од ГРИН одиме со принцип: работа, чесност, посветеност и визија, за да ја направиме Битола град на сите, град за сите! Градот не припаѓа на никој посебно. Битола е наш дом, наша обврска, наша љубов. Битола е нашата религијаи Затоа Нашиот Слоган гласи : Една општина – едно срце Битола!

Изборите ќе поминат, сите ние ќе треба да продолжиме да бидеме ЛУЃЕ!, стои во обраќањето на Талевски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани