Д-р Ана Талевска-Јолевска: За децата со посебни потреби ќе предложиме дополнителна заштита и мерки како советници на ЛДП во идниот совет на Битола

Октомври 15, 2025

Советниците на ЛДП во идниот совет ќе покренат неколку прашања поврзани за децата со посебни потреби:

1. Општина Битола да обезбеди ваучери за сите деца, кои се категоризирани со наод и мислење од МКФ, за дефектолошки, логопедски и психолошки третмани. 
 
2. Еднократна парична помош за овие деца, во максимален износ, преку комисијата за финансии и буџет на Општина Битола.
 
3. Бесплатен паркинг и бесплатен автобуски превоз за родителите на децата со аутизам ( дијагноза F.84), поради потребата од секојдневно носење на различни третмани низ цел град.
 
4. ЛДП преку пратеничката Моника Зајкова, во соработка со ваквите здруженија ќе покрени сериозни измени на законите кои ја регулираат оваа област, се со цел да се олесни и на децата и на родителите
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани