
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предизборните ветувања за битолчани се редат секој ден од учениците во изборите, а утрово падна ветување за изградба на космодром за битолчани од носителот на листата на советници Петар Котевски.
Кандидатот за советник Котевски во еден сеирџиски манир својствен за битолчани, остава впечаток дека всушност го критикува начинот на ветување на политичките учесници во изборите, кои најчесто ветуваат се и сешто пред избори.

Петар е политички активист на Движењето Бојкотирам и критичар на естаблишментските партии на подкастот на Движење Бојкотирам. За себе вели дека е еден од последните автентични десничари во Македонија.