Битолчанецот Петар Котевски од вонинституционалното Движење Бојкотирам со независна листа на локалните избори во Битола

Септември 17, 2025
Петар Котевски Петар Котевски

На претстојните локални избори во Битола настапува независната листа предводена од Петар Котевски, која ќе го претставува вонинституционалното Движење Бојкотирам, и се состои од истакнати активисти и поддржувачи на Движењето, кои според Котевски „се можеби последната политичка организација која отворено се противи на идентитетскиот инжинеринг наметнат врз Македонија.“

Котевски вели дека македонските „изборни закони се дизајнирани за да ги фаворизираат големите партии, затоа на избори не е можно да се појави само оној што е реално заинтересиран за политичко делување, туку мора да позира со цела листа од 31 човек во Општина Битола, повеќето од кои нема шанси да влезат во Советот, дури и ако се на листа на една од естаблишментските партии.“


Оттука Котевски вели дека дека нема да глуми 'организација' што 'грижливо' ги одбрала сите 31 луѓе на листата.

„Факт е дека тоа е само бесмислена бројка без која учество на избори не е возможно за поединци или мала група луѓе искрено заинтересирани за политичко делување. Во случајот на нашата листа, луѓето на неа се луѓе кои ја поддржуваат идејата за политичко активирање на клучните луѓе на врвот на листата, кои се единствените кои имаат реална шанса (и желба) политички да се активираат. Како таква, таа се состои од наши роднини, пријатели и поддржувачи кои се одважија вака јавно да не поддржат, дури и во услови кога има притисок од естаблишментските партии луѓето да се држат настрана од политика.“


Petar Kotevski Technical Director

Носител на листа: Петар Котевски

 

Во своето претставување до битолската јавност, Петар Котевски наведува дека е дипломиран инженер по компјутерски науки и има над 25 годишно искуство во индустријата за видео игри во Шведска, Германија и САД. Веќе 15 години  води приватна команија во Битола, која вработува над 20 креативци посветени на изработка на неверојатни виртуелни светови. Петар е истакнат политички активист на Движењето Бојкотирам и остар критичар на естаблишментските партии на подкастот на Движење Бојкотирам кој оди на социјални медиуми секој понеделник, петок и сабота. Еден од последните автентични десничари во Македонија.

 

На листата е и Александар Матевски млад софтверски инжинер, дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство кој ја гради својата кариера во Македонија, работејќи за некои од најголемите софтверски компании во земјава.

„Бестрашен патриот кој е подготвен да го операционализира планот за радикална транспарентност на органите на Општината како и Јавните претпријатија. Посветен десничар.“, наведуваат од независната листа. 

 

photo 2025 09 17 16 53 43

Александар Матевски

 

Елена Котевска е редовен професор  по математика на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Познат активист по многу општествени прашања во општината, специфично математичката писменост помеѓу помладото население, квалитетот на културните настани во Општината како и вдомување и грижа за бездомни животни.

550731343 637104745868337 2520327914063823104 n

Проф. Др. Елена Котевска

 

Мартин Петковски е магистер по компјутерски науки и инжинерство со долгогодишно искуство како софтверски инжинер за домашни и за странски компании.

„Мартин е вистински 'човек од ренесансата', покрај својата работна кариера гради и кариера како фронтмен на неколку музички проекти со музичари во Македонија. Познат како гласен критичар на образовниот систем.“ 

IMG 2326

Мартин Петковски

 

Накрај носител на листата Петар Котевски ги образложува целите на независната листа

„Нашите цели не се состојат од флоскули копирани од други места.

Прости се: воведување радикална транспарентност на работата на Советот, Општината и нејзините вработени, договорите кои Општината ги склучува со приватни фирми, како и сите Јавни претпријатија во сопственост на Општината. Ќе го користам моето 25 годишно искуство вo IT секторот за да овозможам лесен увид на кој било, на посебно изработена веб страна, на секој денар што ја напушта општинската каса, без разлика дали оди во приватна фирма, плата на административно вработен или во инфраструктурен проект. Со нас во Советот, ќе се знае и ќе може да се пребара кој советник кога се обратил во Советот, што рекол (комплетен транскрипт), и колку бил активен за време на неговиот мандат.

Не сме заинтересирани за политикантство, нема да се ангажираме со дневно политички теми и препукувања. Нашата цел е прикажување на вистинската ситуација во Општината на избирачите, луѓето кои плаќаат за нејзиното работење. Тие заслужуваат да знаат точно на што се трошат нивните тешко заработени пари.“, изјави Котевски за Апла.мк

 

Текст Анета Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани