Познатиот битолски специјалист уролог д-р Илија Келепуровски влегува во трката за советничко место на претстојните локални избори во Битола на листата предложена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твојата Македонија.
„Со особена благодарност и со чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за советник. Ова за мене е пред се чест, но и обврска пред совеста и пред сите вас.
Тука ми е домот. Тука ги делам секојдневните радости и грижи со луѓето што ги среќавам секојдневно. Не ветувам лесни решенија, но напорна работа, да!
Зборовите се само зборови, лизгави се, затоа би завршил со : „Делата ќе зборуваат погласно од зборовите – тоа е моето ветување кон вас!
Ви
благодарам за подршката која многу ми значи, од мене за вас!, порачува д-р Келепуровски до битолчани.
Урологот д-р Келепуровски е добро познат на битолската јавност, во март годинава во Клиничката болница во Битола на одделот за Урологија за прв пат е воведена нова метода за операција на карцином на простата, операцијата ја изведоа специјалист уролог Келепуровски и лекар од Скопје.
Текст Анета Блажевска