СДСМ Битола обвинува за „Кланот Јанкуловци“, ПОДЕМ возвраќа дека СДСМ лажат, клеветат и побараа извинување

Септември 16, 2025

ОО на СДСМ Битола објави инфомација за низа вработувања на блиски луѓе на челниците на партијата ПОДЕМ во Битола. Од ОО на ПОДЕМ возвратија со демант и бараат јавно извинување од политичките опоненти во спротивно највуваат тужба. 

ОО на СДСМ Битола чии претседател е Методија Куновски (кандидат за градоначалник)  обвини дека реализирани се низа на вработувања на блиски до семејството на Живко Јанкуловски преседател на партијата ПОДЕМ.  

„Порано се велеше „Ако имаш вујко владика, ќе добиеш и работа и други привилегии“.
Сега се сменаа работите и ако Живко Јанкуловски, па и син му Николче, заменик министерот за финансии, ти се роднини, работното место во државно ти е загарантирано.
За четири години локална власт и една година во Влада, ПОДЕМ успеа само да го изгради "Кланот Јанкуловци", објави СДСМ и наброја низа на вработувања.
 
ОО на ПОДЕМ Битола ги демантира како што велат лагите и инсинуациите објавени на официјалната страница на СДСМ Битола.
 
 
„Во објавата се изнесени целосно неточни и злонамерни тврдења за наводни фамилијарни вработувања, со единствена цел да се оцрни угледот на наши членови и да се дефокусира јавноста. Со вакви фабрикувани приказни СДСМ Битола се обидува да ги прикрие сопствените неуспеси, внатрешни поделби и неспособноста да понуди реални решенија за граѓаните. Наместо проекти и визија за развој на Битола, тие нудат лаги, дезинформации и напади врз личен и семеен интегритет.
Вистината е дека ниту еден член на ПОДЕМ не користел политички привилегии за вработување. Сите лица кои се спомнуваат имаат сопствени професионални кариери, образование и компетенции кои немаат никаква врска со партиски позиции, објавија од ПОДЕМ. 
 
Текст Анета Блажевска 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани