Коњановски ја 'искара' ТВ Тера што не ги покани сите кандидати за градоначалник на вечерашната дебата

Октомври 16, 2025

Актуелниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски и кандидат за втор мандат, на  почетокот од вечерашната дебата на битолската телевизија Тера, која е во тек,  реагираше и ја прекори телевизијата што на дебатата покани само четворица од осумте кандидати за градоначалник на Битола. Коњановски рече дека добро ќе беше сите осум кандидати да бидат на дебатата за да можат граѓаните да ги слушнат и нивните размислувања и проекти за Битола, а не само половично. На дебатата се Коњановски од ВМРО ДПМНЕ, Методија Куновски од СДСМ, Габриела Илиевска од Поинаку и Зоран Николовски независен кандидат поддржан од Левица.  Не присуствуваат Мирјана Мирчески од Македонска Ера трета, Васко Деловски независе, Ќире Димов од ТМРО и Јорго Огненовски од Демократи. ТВ Тера имаше свое објаснување зошто се само четворица кандидати и кажа дека претходно сите кандидати биле застапени на телевизијата, а сега се само четворицата кандидати чии партии и независни групи имаа претставници во Советот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани