
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Левица – Битола ја претставува својата програма за вистинска промена во интерес на народот, работниците и сите граѓани на општината. Нашата визија е јасна – социјална правда, економски развој и достоинствен живот за секој, вели во обраќањето до јавноста носителот на листата на Левица за Битола, Горан Велевски. Работнички права и социјална правда. Ќе воведеме синдикати во сите приватни фирми, согласно Законот за заштита на работниците, со формирање општинско тело за нивна заштита.
Ќе обезбедиме заштита на бранителите од 2001 година, со целосно ослободување од партиципации во сите јавни институции. Ќе изградиме дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, како поддршка за социјална инклузија и хуманост. Инфраструктура и животна средина. Ќе ја спроведеме реконструкцијата на коритото на реката Драгор. Ќе изградиме катни гаражи и нова патна инфраструктура за полесно и побезбедно движење низ градот. Во руралните средини ќе се пушти систем за одвод и довод и ќе се воведе целосна канализациска мрежа во селата. Развој на туризмот и спортот.
Ќе го развиеме туризмот на Пелистер преку изградба на гондола и промоција на планински и еко-туризам. Ќе се формира спортска зона кај манастирот „40 маченици“ на Кркардаш, како ново жариште на спортот и рекреацијата. Ќе се изврши реконструкција на Зоолошката градина и Тумбе Кафе, кои ќе се пренаменат во спортско-рекреативен центар достапен за сите генерации.
Поддршка за земјоделците. Ќе ја поттикнеме промоцијата на локалното земјоделство, со конкретна поддршка за сточарите и овоштарите – основа на битолската економија и традиција. Ќе ставиме крај на меѓуопштинска соработка помеѓу 18 депонии во околината на Битола. Ревизија на сите општински претпријатија и нивна одговорност. Со овие мерки, Левица – Битола ја носи вистинската промена – од народот, за народот. Време е за општина која работи за своите граѓани, а не за партиските центри на моќ.