Зоран Николовски кандидат за градоначалник заштитнички кон Битола и со порака до СДСМ и Поинаку

Октомври 17, 2025

Мојата визија за Битола коинцидира со мојот сон за Битола. Сонот што секојдневно го сонувам за поубава Битола, вели во обраќањето до јавноста Зоран Николовски независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од Левица.

Обраќањето ви го пренесуваме во целост:

-Мојата Битола во која ќе функционираат сите сегменти  од секојдневното живеење. Мојата Битола каде што и (навидум) најсложените процеси, ќе се одвиваат едноставно, вообичаено, секојдневно.

Битола не е главен град на Македонија,.....се уште, ама затоа е главен град на сите градови во Македонија.

И во името на Битола, (и само Битола), ги замолувам СДСМ да не ја ослободуваат Битола, бидејќи кога последниот пат кога ја “ослободија” Македонија, од Македонија не остана ни име, ни презиме. Остана само паролата “Респект Дубаи”. А КУД „Поинаку”, од срце ги замолувам “Да (НЕ) си ја враќаат Битола”, бидејќи доволно долго ја враќаат Битола, тоа го прават цели 12 години. Сега е време да им ги прекинеме нивните регресивни и деструктивни потреби, и Битола со големи чекори да оди само напред....

          Битола со уредени и осветлени улици и булевари, Битола со инфраструктурни проекти, урбанистички решенија и капитални зафати, налик на светските метрополи. Битола еколошки чиста и хортикултурно уредена – расцветана. Битола со  почит кон сите старосни групи, а со особена грижа за лицата со попреченост. Битола со повеќе туристи од жители. Битола со детски игралишта, паркови и спортски објекти.

Битола има непроценливо минато, а сега е време да и дадеме иднина. Иднина што ќе и го врати сјајот на Битола, а нам, нам ќе ни ги врати надежта и насмевките.

Ова не е моја кампања, ова е наша заедничка битка за најубавиот град – Битола !

А промените во локалната самоуправа ќе се случат неминовно, а ќе започнат со првиот глас – со твојот глас!

Време е за АРХИТЕКТ!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани