
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинската организација на ЛДП ја завршува оваа кампања за локалните избори и е задоволна од приемот на граѓаните на нашите пораки, изјави во завршното обраќање до битолчани кандидатот за советник и носител на листата, Димитар Кузмнаовски . -Понудивме десетина наши заложби, понудивме исклучително квалитетна листа и во недела очекуваме одличен резултат. ЛДП потсети и на некои работи кои ги правевме во минатото, но понудивме и нови лица, луѓе кои не извршувале функции, кои се докажани во своите области и сакаат да дадат свој допринос во развојот на Битола. Заокружувајќи го бројот 1, добивате сигурна опција во Советот на општина Битола, добивате луѓе кои не се шарлатани и не се за циркус во Советот, туку за вистински придонес. Добивате опција која нема да биди два дена опозиција, три дена власт, опција која нема да се плаши да преземе одговорност на најтешките места, и опција која е спремна да понуди решенија заградските проблеми. Единицата значи сигурност, традиција, резултати, иднина, извесност, знаење, Битола, Пелистер, ракомет, фудбал, кошарка, велосипеди, зелен и хуман град, тартан патеки, нов стационар, силни јавни претпријатија. Битола заслужува Резултати, а не изговори, наведе Кузмановски.