
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изберете ги советниците на ГРИН, квалитетни луѓе од сите општествени слоеви и социјални групи. Се што постигнавме во животот е со наш труд и енергија. Во оваа битка за Битола не влегуваме за фотелји и лична корист, туку да ги градиме темелите на промените во граѓанските иницијативи!, порача во завршното обраќање кандидатот за советник Александар Талевски – Крт од Граѓанската иницијатива ГРИН за Битола
-Драги мои битолчани, на само неколку часа пред изборниот молк сакам уште еднаш да ви се обратам со пораката – В недела излезете на гласање!
Цел живот правиме избори, некогаш одлуките се тешки и неизвесни, а некогаш очекувани.
Овој пат имате избор, имате шанса да го направите вистинскиот избор, а тоа е Граѓанската иницијатива ГРИН.
Покажавме во овие предизборни денови колку е човечна нашата подадена рака, колку сме како луѓе благородни и доверливи, луѓе кои ги сакаат предизвици и кои можат многу да направат за Битола.
Изберете ги советниците на ГРИН, квалитетни луѓе од сите општествени слоеви и социјални групи. Се што постигнавме во животот е со наш труд и енергија. Во оваа битка за Битола не влегуваме за фотелји и лична корист, туку да ги градиме темелите на промените во граѓанските иницијативи!
Она што ќе го направиме за Битола ќе бидат дела и резултати! Нашата визија е Битола да успеа, битолчани да победат на овие избори, да бидат слушнати, почитувани, прифатени!
Затоа, излезете в недела и гласајте, заокружете го бројот 25 и чесно исполнете ја вашата граѓанска обврска, порача Талевски.