
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот битолски бизнисмен Александар Талевски - Крт од „Скопска пивара“ и инвеститор на станбени згради во Битола, влегува во трката за советник на претстојните локални избори во Битола, како предлог на новоформираната граѓанска иницијатива „ГРаѓанска ИНицијатива“ скратено ГРИН. Бизнисменот Талевски како што неофицијално дознаваме е трет на листата на ГРИН, на која носител е Стефан Тековски, млад ветеринарен доктор, приватен бизнисмен, додека на листата на второ место е и граѓанската активистка Светлана Папачек. На листата на четвро место е и Андријана Ташкова Ѓоргиева, менаџер во странска компанија со приватен капитал а на петтта позиција е познатиот битолски хирирг д-р Владимир Петков. Новоформираната граѓанска иницијатива ГРИН е вистинско изненадување за сцената во Битола за која допрва ќе објавиме детали.
Анета Блажевска