Валдета Мусаи Фејзуловска доби мандат за советник во Битола од партијата ДУИ

Октомври 20, 2025

Битолчанката Валдета Мусаи Фејзуловска доби мандат за советник во новиот состав на Советот на Општина Битола. Фејзуловска беше носител на листата на Националната алијанса за интеграција и Демокртаската унија за интеграција и на вчерашните локални избори освои 1004 гласови.  

 
-Денес чувствувам огромна благодарност кон секој граѓанин, секое маало и секое село што ми ја даде својата доверба и поддршка.
Благодарам за секој збор на охрабрување, за секоја насмевка и за секој момент што ми даде сила да продолжам со уште поголема решителност.
 
Ова не беше само изборна трка, ова беше патување исполнето со вера, надеж и љубов кон нашиот град.
Битола покажа дека кога сме обединети, можеме да постигнеме сè.
 
Оваа победа не е само моја, туку на сите нас кои веруваме во заедништво, напредок и подобра иднина.
Од срце ви благодарам за довербата и поддршката!, објави Валдета Мусаи Фејзуловска 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани