Извештај на МКЦ Битола - домашно набљудување за локални избори 2025

Октомври 21, 2025
Младински културен центар- Битола имаше акредитирано вкупно 23 волонтери за домашно
набљудување на изборите. Од нив, 20 набљудувачи подигнаа материјали и беа распоредени за
набљудување во општините Битола, Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар на 19 октомври 2025 година.
 
Набљудувачите беа распоредени во мобилни тимови (составени од двајца набљудувачи) и тоа:
4 мобилни тимови за општина Битола
2 мобилни тимови за општина Ресен
2 мобилни тимови за општина Демир Хисар
1 мобилен тим за општина Могила
1 мобилен тим за општина Новаци
 
Вкупниот број на избирачки места во 5-те општини е 308. Мобилните тимови на МКЦ-Битола
набљудуваа на вкупно 120 ИМ, што претставува покриеност од 38,96%.
 
Прелиминарната оценка на МКЦ-Битола за изборниот ден во овие пет општини е дека
изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера, граѓаните слободно можеа да ја
изразат својата волја и да го остварат своето гласачко право.
 
Во текот на изборниот ден набљудувачите забележаа изолирани неправилности и технички
недостатоци кои не влијаат на конечниот исход на изборите. Од нивните извештаи се нотирани
следните неправилности и технички недостатоци:
 
Општина Битола:
ИМ 31: времето кое го покажуваше Уредот за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ) беше
8 минути поназад од точното време.
ИМ 34, ИМ 39, ИМ 49: при утврдување на идентитетот на гласачите членовите на Избирачкиот одбор
наглас ги читаа името и презимето на гласачите.
ИМ 52 и ИМ 86: избирачките места не беа добро обележани што создаваше конфузија кај гласачите на
кое место треба да гласаат.
ИМ 95: нарушена тајноста на гласањето во еден случај. Еден гласач не ги превитка гласачките ливчиња
и можеше да се види за кого гласал, а членовите на Избирачкиот одбор не реагираа. Параванот за
лица со попреченост беше тргнат на страна, поставен на шкаф и не беше во употреба.
ИМ 103: Во Избирачкиот список на ова избирачко место се евидентирани 649 гласачи, а во апаратот
УБИГ 652 гласачи.
ИМ 109: нарушена тајноста на гласањето во еден случај. Еден гласач не ги превитка гласачките ливчиња
и можеше да се види за кого гласал, а членовите на Избирачкиот одбор не реагираа.
ИМ 112: кабелот за УБИГ не работеше. Беше заменет со нов од ИТ екипата на ОИК.
ИМ 122: времето кое го покажуваше Уредот за биометриска индентификација на гласачите (УБИГ) беше
8 минути поназад од точното време.
ИМ 127: нарушена тајноста на гласањето во еден случај. Еден гласач не ги превитка гласачките ливчиња
и можеше да се види за кого гласал, а членовите на Избирачкиот одбор не реагираа. Параванот за
лица со попреченост беше тргнат на страна и не беше во употреба поради недостаток на простор во
избирачкото место.
ИМ 129: параванот за лица со попреченост не беше поставен на избирачкото место.
ИМ 130 Неорганизирано ИМ, гласачките паравани поставени преблиску еден до друг.
ИМ 131: параванот за лица со попреченост не беше поставен на избирачкото место. Овластен
набљудувач од политичка партија вршеше вербално агитирање внатре во избирачкото место.
ИМ 133: при утврдување на идентитетот на гласачите членовите на Избирачкиот одбор наглас ги читаа
матичните броеви на гласачите.
 
Општина Демир Хисар:
ИМ 623/1: времето кое го покажуваше Уредот за биометриска индентификација на гласачите (УБИГ)
беше 8 минути поназад од точното време.
ИМ 631: нарушена тајноста на гласањето во еден случај. Еден гласач не ги превитка гласачките ливчиња
и можеше да се види за кого гласал, а членовите на Избирачкиот одбор не реагираа.
ИМ 634: неорганизирано ИМ, параванот за гласање поставен блиску до вратата.
 
Општина Могила:
ИМ 188: пропаганден материјал во радиус од 100 метри од ИМ.
ИМ 191: еден случај на семејно гласање (2 гласачи зад ист параван во исто време) и пропаганден
материјал во радиус од 100 метри од ИМ.
ИМ 192: замениците членови на ИО предвреме ги имаа потпишано записниците, а не присуствуваа на
процесот на броење на гласовите.
ИМ 219: еден случај на семејно гласање (2 гласачи зад ист параван во исто време).
 
Општина Новаци:
Не се пријавени неправилности или технички недостатоци од нашите набљудувачи.
 
Општина Ресен:
ИМ 1638/1: времето кое го покажуваше Уредот за биометриска индентификација на гласачите (УБИГ)
беше 8 минути поназад од точното време.
 
Домашното набљудување на Локалните избори 2025 е во рамките на проектот „Активни граѓани за
фер и транспарентни локални избори” спроведуван од Младински културен центар Битола. Овој
проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар фаза 2
финансиран од Европската Унија.
 
 
Младински културен центар – Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани