Драганчо Саботковски води со 409 гласа пред Сашо Пивковски - во Могила градоначалник ќе се бира во вториот круг од локалните избори

Октомври 21, 2025

Драганчо Саботковски актуелен градоначалник на Општина Могила и кандидат за втор мандат, води со 409 гласа пред второ пласираниот независниот кандидат Сашо Пивковски, на првиот круг од локалните избори во пелагониската општина Могила.

Во Општина Могила градоначалник ќе се бира во вториот круг од локалните избори на 2 ноември. Во општината од вкупно запишаните изборачи 4.671 на гласање излегоа високи 69 проценти или 3.222 гласачи.

Саботковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во неделата освои најмногу гласови од могилчани 1.662, односно 49,17 од граѓаните со право на глас заокружиле за актуелниот градоначалник. 

Со разлика од над 400 гласови, под него е независниот кандидат Сашо Пивковски со освоени 1.253 гласови или 37,07 проценти од гласовите во Општина Могила.

На трето место по бројот на гласови во првиот круг е Зоран Ристевски од СДСМ со 351 глас.

Во вториот круг силите ќе си ги одмерат Саботковски и Пивковски. Пред вториот круг од изборите се очекува од двајцата противкандидати позитивна кампања и да понудат остварливи прокети за граѓаните на Могила.  

ba25f0dd 08ad 4852 9967 b55dd99b5fe7

Драганчо Саботковски 

 

 

58af51bb 0250 4a29 b471 d82d341e1f2a

Сашо Пивковски 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани