
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот Венко Филипче вечерва на сопартијците им порача дека нема да дозволи поделби платени од владејачката ВМРО ДПМНЕ ниту внатрепартиско роварење. "Консолидацијата и внатрепартиското единство се нашата најголема сила и клучот за уште посилен СДСМ во борбата против оваа власт. Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа им е единствениот начин да се одржат на власт, " порача вечерва од Штип лидерот на СДСМ Венко Филипче на регионалната средба со општинските организации каде се разговарало за новата партиска програма, за идните чекори и за процесот што ги започнала партијата за широка внатрепартиска дебата, директна комуникација со членството и со граѓаните на терен.
