
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е во процес на избор на општински лидер. Јавниот повик за кандидирање на претседатели на општинските комитети помина, како и првите интервјуа со кандидатите, па сега она што што следува е средбата очи в очи на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со „филтрираните“ потенцијални кандидати за претседатели на локално ниво.
Во Битола се уште неофицијално кружат информации дека многумина членови на партијата покажале интерес за општински лидер, па се споменуваа бројки од седумдесетина, до дури стотина кандидати. Па други наведуваа дека само 41 аспирант бил на интервју пред партиската комисија. Она што се зборува сега дека е направен тесен избор од кандидати кои како фаворити ќе ја имаат шансата да ги претстават своите програми и планови пред лидерот Мицкоски.
Неофицијално се зборува дека доминираат машки претенденти за оваа функција, но дека живо се заинтересирале и жени да го водат ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Досега не се случило жена да биде претседател. Партиски членови велат дека не е исклучено партијата да ја води жена која ја познава работата во делот на политиките и која долги години работела на терен меѓу членството.
Но, се зборува дека за челната позиција се фаворизира и кандидатка која во неколку наврати ги сменила „боите“ на партијата, па „сработила“ и за други партии не само за ВМРО-ДПМНЕ, со учество во трибини и ширење на локални политики на поедини кандидати од опозицијата и коалициски партии на ВМРО-ДПМНЕ.
За да се стигнат до „тронот“, избори од партијата велат дека дел од кандидатите прават приказни и за „силни“ врски со сопругите на членовите од првиот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу фаворитите се споменуваат актуелни функционери на власта, меѓу нив и локални функционери и пасивизирани членови, особено во периодот кога партијата беше во опозиција. За кого ќе се одлучи лидерот Мицкоски ќе се знае за скоро време. Дотогаш претендените имаат шанса да се докажуваат и да лобираат пред членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои на на предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, именува и разрешува претседател на општинските комитет. Инаку мандатот на претседателот на општинскиот комитет трае 4 години, а во Битола имаме своевиден рекорд општинскиот комитет во изминатите 5 години да го води Пеце Милевски, актуелен пратеник. Актуелното раководство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалникот Тони Коњановски извојуваа две победи на локалните избори во 2021 и 2025, а ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година победи и на претседателските избори со убедлива победа во гласови за кандидатката, сега претседател на државата, Гордана Силјановска - Давкова и листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи изборите беа двојни, претседателски и парламентарни.
Пред Милевски, ОК го водеа Иванчо Тошевски, Борче Димитровски, Зоран Илиоски, Јовко Крстевски, Златко Милошевски, Владимир Талески, Љупчо Бошевски, Зоран Коњановски...
На крај битолските членови на ВМРО-ДПМНЕ велат дека кој и да биде избран за претседател ќе треба да стави „ред“ меѓу членството и нивните желби за лично реализирање под изговор дека - мојата партијата е на власт.
А.Б