
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Речиси покрај секој контејнер низ градот постојано се остава гломазен отпад - стар мебел, дограма, електрични апарати, санитарии и друго.
Покрај грдата слика, се отежнува движењето на пешаците, затоа што со овој отпад се затрупани тротоарите, па тие се принудени да се движат на коловозот
Во тек е поставувањето на атмосферска и фекална канализација на улица „АСНОМ“ во Битола. Реконструктивните зафати на оваа улица, покрај поставувањето на канализациониот систем, предвидуваат изградба на водоводни инсталации и градба на нов коловоз.
Општина Битола во овој проект ќе го финансира поставувањето на приклучоците за водоводната мрежа и канализационата мрежа од страна на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, како и целосното уредување на коловозот.
Министерството за транспорт и врски, го финансира поставувањето на новата водоводна и канализациона мрежа.