АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола денес има 21 заболен, со што овој петок ги надминавме на дневна основа по број на заболени и градовите од внатрешноста кои важеа како ризични места за коронавирус, како Куманово (13), Штип (19), а имаме еднаков број на заболени со Прилеп.
Според Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во:
- Скопје 261
- Куманово 13
- Штип 19
- Прилеп 21
- Тетово 30
- Струга 5
- Велес 13
- Битола 21
- Охрид 15
- Кавадарци 11
- Гостивар 10
- Гевгелија 11
- Струмица 23
- Крива Паланка 4
- Радовиш 6
- Кочани 11
- Пробиштип 6
- Берово 2
- Валандово 3
- Виница 2
- Делчево 3
- Свети Николе 8
- Кичево 13
- Ресен 6
- Неготино 1
Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од:
- Скопје 112
- Куманово 2
- Штип 7
- Прилеп 5
- Тетово 8
- Струга 1
- Велес 2
- Битола 9
- Охрид 3
- Гостивар 8
- Гевгелија 3
- Струмица 10
- Радовиш 5
- Кочани 8
- Берово 3
- Валандово 4
- Свети Николе 4
- Кичево 3
- Ресен 3
Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.