2win800x200

Пензионерите на сметките ќе имаат 1000 денари повеќе, исплатата на пензиите почнува на 29 март

Март 22, 2022

 Владата на денешната седница  ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за  март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.



Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и

- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани